БЕЛГРАДСКА

ТРИЛОГИЈА

...Претстава за причините за напуштање на сопствената држава, но и за реалноста со која се соочува човек надвор од неа.

Режија:  

Нина Николиќ

Автор: 

Биљана Србљановиќ

Актери:  

Григор Јовановски    

Исидор Јованоски    

Душица Настова     

Сара Анастасовска  

Сергеј Димовски

Душица Тренева

Петар Стојанов

Костимограф: 

Ивана Каранфиловска Угуровска

Видео:

Давор Черепналкоски

Видео и фотографија:

Петар Кочишки

Сценограф:  

Вишња Вујовиќ

Кореограф:

Симона Спировска

Драматург: 

Драгана Лукан Николоски­

Светло:

Дарко Младеновски

Премиера 05 јуни 2017

во Кино Култура

Времетраење: 80мин

 

БЕЛГРАДСКА ТРИЛОГИЈА

До крајот на 2013 година од Македонија се иселиле 626.312 луѓе, Ако на оваа бројка се додадат и иселувањата од минатите три години и годинава, тогаш бројот дополнително се зголемува. Македонија е меѓу 10те топ земји од кои се иселуваат нејзините граѓани. Во периодот 2009-2013 година Македонија се наоѓа во групата на десетте земји со најголем интензитет на „одлив на мозоци“. Анкетите покажуваат дека 85 отсто од младите сакаат да се иселат од државата поради невработеност и немање можност за професионален и личен напредок.

ПРЕС

„Во овие мачни години, кога масовно се напушта родната земја од младите и се оди во странство, во потрага по работа, подобар живот, или едноставно за себереализирање, постановката на Николиќ се чини исклучително актуелна за нашиот општествен контекст […]”

http://teatarce.mk/2017/06/26/%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5-%D1%82%D0%B8%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%B0%D1%82/

 

”Горчлива вистина и уште погорчлива состојба во која се идентификува тукашноста/сегашност која од театарската сцена е уште еден крик против и апел да се застане на патот на оваа небиднина за Македонија и нејзината иднина. Белградската трилогија е и Македонска трилогија и Скопска трилогија или состојба од било кој друг испустен град/место во Македониja.”

http://globusmagazin.mk/kino-kultura-belgradska-trilogija-krugot-na-tragichnosta-na-iseluvanjeto/

PERIPETIJA © 2017