БЛАГОЈ

ВЕСЕЛИНОВ

 

Благој Веселинов
Актер

Благој Веселинов е роден на 27.02.1984 во Кочани. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности – Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во класата на професор Владимир Милчин. Веселинов ја започнува својата професионална кариера како актер уште за време на студирањето и во негововто портфолио има проекти значајни за театарската уметност во РМ од кои најголем број биле дел од годишните програми за финансирање на проекти од национален интерес на Министерството за култура на РМ. 

Помеѓу неговите позначајни проекти спаѓаат: Огнени јазици во Драмски театар – Скопје во режија на Слободан Унковски, Подемот и падот на кабарето во Македонски народен театар во режија на Владимир Милчин, Секс, лаги и диви гуски во Младински културен центар во режија на Нина Николиќ, Класен непријател во режија на Васил Христов и Брод за кукли во режија на Нела Витошевиќ, Метаморфози на Факултетот за драмски уметности – Скопјае во режија на Александар Поповски, Неверство во Културниот центар ЦК во режија на Нина Николиќ, Црнила во Штипски театар во режија на Дејан Пројковски. Покрај улогите одиграни во театар, Веселинов играл и во неколку македонски филмови, помеѓу кои: Балканот не е мртов во режија на Александар Поповски, Панкот не е мртов во режија на Владимир Блажевски, Сенки во режија на Милчо Манчевски, Бунило во режија на Даријан Пејовски.

 

 

PERIPETIJA © 2017