ИВАНА КАРАНФИЛОВСКА УГУРОВСКА

 

Ивана Каранфиловска Угуровска

Костимограф

Ивана Каранфиловска е родена на 07.03.1986 во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности – Скопје во 2010 година на студиската програма ликовна педагогија, насока графика. Како ликовен педагог своето стручно дооформување го остварила на бројни семинари во областа на педагогијата и работата со ученици од основно и средно образование, но нејзината кариера уште од дипломирањето е фокусирана на театарската костимографија. 

 

Во нејзината биографија има повеќе независни и институционални театарски проекти каде се појавува како автор, и во последно време нејзината работа претставува освежување на македонската театарска сцена. Помеѓу нејзините позначајни театарски проекти спаѓаат: Пинокиот и црвенкапа во потрага за Аладиновата ламба (2011) во Tеатарот НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово и двете според текстови на Драгана Лукан Николоски; Секс, лаги и диви гуски (2012) според Олд Сејбрук на Вуди Ален во проукција на Круг продукција и Младинскиот културен центар и Пеликанот (2012) проект на Шведската амбасада во Скопје и Факултетот за драмски уметности како и претставата Евридика (2013) во Драмски театар – Скопје, Кој пукаше на 21ви? (2015) на Керил Черчил во Младинскиот културен центар; Разговори во четири очи (2015) во продукција на Скопје филм студио и МНТ. Во моментов работи како костимограф на независниот проект Белградска трилогија во продукција на Перипетија, поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија. 

PERIPETIJA © 2017