МАЈА ТРАЈАНОСКА ИВАНОВСКА

 

Маја Трајаноска Ивановска

Преведувач

Маја Трајаноска Ивановска е родена во Скопје во 1986 година. Завршува англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година по што интензивно почнува да се занимава со превод и толкување. Во текот на годините работи и како професор по англиски јазик, советник за образование, специјалист на ресурсен центар, а во 2014 година магистрира на Филозофскиот факултет во Скопје, на насоката Европски студии за интеграција. Како резултат на долгогодишната соработка со Младинскиот културен центар, работејќи на фестивалите Млад отворен театар и Синедејс, нејзината преведувачка дејност главно се насочува во областа на филмот и театарот. Во моментов работи и на својата магистерска работа по конференциско толкување.

PERIPETIJA © 2017