НИНА
НИКОЛИЌ

 

Нина Николиќ

Режисер

Нина Николиќ е родена во Скопје. Дипломирала Театарска режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје во 2010 година, во класата на проф. Слободан Унковски, каде и магистрирала во 2014 година; и Француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет Блаже Конески на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Од 2012 година е член на уметничкиот совет на фестивалот МОТ.

Помеѓу нејзините позначајни претстави спаѓаат: Белградска трилогија (2017) на Биљана Србљановиќ во продукција на Перипетија продукција, Разговори во четири очи (2015) на Ингмар Бергман Треперење (2011) во продукција на Скопје Филм Студио и Македонски народен театар, Кој пукаше на 21ви? (2014) според Луда Шума на Керил Черчил во Младинскиот културен центар, Евридика (2013) на Сара Рул во Драмски театар – Скопје, Пеликанот (2012) на  Август Стринберг проект на Шведската амбасада во Скопје и Факултетот за драмски уметности како и претставата Секс, лаги и диви гуски (2012) според Олд Сејбрук на Вуди Ален во проукција на Круг продукција и Младинскиот културен центар и многу други. 

Во моментов таа работи на својата нова претстава, Галеб на Антон Павлович Чехов во Македонски народен театар.

Режисерскиот ракопис на Нина Николиќ е испровоциран или посветен на суштинските и длабоки човечки чувства. Основна е љубовта, а дали таа носи проблеми или не - е она со кое се бават тие претстави. Значи, во потрага е по една од иманентните потреби/состојби на човековото живеење: љубовта од секаков вид, љубовта на човекот кон човекот и сето она што тоа чувство со еманира.

PERIPETIJA © 2017