ПЕТАР КОЧИШКИ

 

Петар Кочишки
Видео, дизајнер на светло и фотограф

Петар Кочишки е роден во Скопје во 1974 година. Дипломирал на факултетот за драмски уметности Скопје на отсекот за филмско и ТВ снимање. 12 години работел како камерман во Македонската радио телевизија, за во изминативе години работи како слободен уметник на повеќе филмови, ТВ серии музички спотови и реклами како кинематографер и камера оператор. Во областа на театарот, во повеќе проекти работел како дизајнер на светло и фотограф во голем број на професионални проекти.

Помеѓу неговите позначајни проекти како дизајнер на светло во областа на театарот спаѓаат: Евридика Драмски театар (2013), Носталгиумот на еден перфориран копиљ Младински културен центар (2013), Секс, лаги и диви гуски Круг продукција и Младинскиот културен центар (2012), Пеликанот проект на Шведската амбасада во Скопје и Факултетот за драмски уметности (2012), Околиска болница НУ Трајко Прокопиев Куманово (2012), Пикник на фронтот  Факултет за драмски уметностив (2009), Заспани Факултет за драмски уметности (2009).Помеѓу неговите позначајни проекти во областа на филмот спаѓаат: Чекајќи ги парите (камера оператор), 2014; 12 Monkeys, (камера оператор) 2014; Ослободување на Скопје (камера оператор), 2014; Намини бар еднаш (камера оператор), 2013; In apsentia (кинематографер), 2013; Лазар (камера оператор), 2013, Трето полувреме (фокус пулер), 2011; Балканот не е мртов (камера оператор), 2011; Луѓе без земја (фокус пулер), 2010; The Skopje – Ljubof  e so v (фокус пулер), 2010; As if  I am not there (фокус пулер), 2009; Ова не е американски филм (камера оператор), 2009; Некои поинакви приказни (камера оператор), 2009; Стрмоглави (камера оператор), 2006.Телевизиски серии: Elveda rumeli (фокус пулер), 2007/ 08; Krestni (фокус пулер), 2013.Документарни филмови: Поголем од 6 метри (кинематографер); Карпош (кинематографер); Kiera Chaplin in Gucha (кинематографер); Снежна убавина Кожув (кинематографер); Селата покрај Радика (кинематографер); Разме (кинематографер); Танец (кинематографер); 15 години Наше маало (кинематографер); Светска банка (кинематографер).

PERIPETIJA © 2017