РАЗГОВОРИ

ВО 4 ОЧИ

Ако овој Бергманов роман мора да се дефинира како еден клучен мотив, тогаш тоа би било — соочување.

Режија:
Нина Николиќ

Автор:
Ингмар Бергман

Адаптација на:
Тамара Бaрачков

Актери:
Амернис Нокшиќи-Јовановска
Нина Деан
Петре Арсовски
Оливер Митковски//Благој Веселинов
Дарја Ризова
Катина Иванова
Дамјан Цветановски

Продуцент:
Томи Салковски

Ко-Продуцент:
Дејан Пројковски

Костимографија:
Ивана Каранфиловска Угуровска

Сценограф:
Сања Aврамоска

Видео и фотографија:
Петар Кочишки

Постер дизајнер:
Ника Гавровска
    
Консултант за избор на музика:
Маја Трајаноска


Премиера 23 Декември, 2016
Македонски народен театар (Мала сцена)
Времетраење: 67min

ЗБОР НА ДРАМАТУРГОТ


Ако овој Бергманов роман мора да се дефинира како еден клучен мотив, тогаш тоа би било — соочување. Во претставата Разговори во четири очи главниот лик во приказната, Ана Бергман, се соочува сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење. Така, сликата на една традиционална заедница, претставува и соочување со сопствената историја, минатото и идентитетот.
Напишан во форма на роман, Разговори во четири очи ја поседува структурата која сосем одговара на театарскиот израз. Возбудливи, поетични и емотивни, петте делови и епилогот се како самостојни микродрами, прецизно поставени спротивставувања и исклучително слоевити и комплексни односи. Иако станува збор за свештеничко семејство во провинцијата на Шведска на почетокот на XX век, Бергмановото семејство е универзално и вонвременско. Низ споменатите сегменти, по пат на мозаик, првенствено се крои деликатен портрет на една жена, но и слика на препознатливи генерациски конфликти, архетипски конфликти меѓу сопружниците, родителите и децата. Разговорите се интимен однос кон минатото, обид да се заземе дистанца спрема ситуацијата за која сме лично врзани, со цел откривање на нова перспектива и толкувања на сеќавањата, без оглед на тоа колку е болно. Среќавањето на Ана Бергман со личностите кои го дефинирале и обликувале нејзиниот животен пат (свештеникот Јакоб, сопругот Хенрик, мајката Карин и љубовникот Томас) истовремено се нејзино потсетување на храброста, дрскоста и слободата кои со времето ги имала изгубено. Разговорите во четири очи го истражуваат прашањето за способноста и силата на поединецот да преземе контрола над сопствениот живот и да ги признае направените грешки. Оваа приказна е горко сознание за изгубеното време, пропуштените прилики,весното жртвување и соочување со она што сме биле некогаш, што сме можеле да бидеме и она што сме. да бидеме и она што сме.

ПРЕС

“Разговори во четири очи ја прикажува траумата која преминува од генерација на генерација”

http://femart-ks.com/pese-pika-permbyllese-per-femart-in/

“Разговорите во четири очи знаат да бидат непријатни. Понекогаш се соочување со другиот, а понекогаш со самиот себе. Но, низ овие „Разговори во четири очи“, кои знаат на моменти да ве вознемират, вреди да се помине.“

http://www.radiomof.mk/recenzija-razgovori-vo-chetiri-ochi-soochuvanje-so-drugiot-i-so-samiot-sebe/

“Оваа лирска но жестока , интимна камерна драма, зборува за жената што го изневерила мажот со помладо лице.Па низ разговри со најблиските, се обидува да ги разреши личните дилеми што се движат меѓу моралот и бунтото, вината и задоволството...”

http://telma.com.mk/vesti/vo-mnt-se-razgovara-vo-chetiri-ochi

 

1/18

Фестивали и турнеи:

30.05.2016 - Women Artists Festival for Human rights
“FEMART” Prishtina, Kosovo.

08.09.2016 - International Chamber Theater Festival
“Risto Siskov” Strumica, Macedonia

01.12.2016 - International Theatre Festival of Chamber
Theatre and Performances of Small Forms
"ART OKRAINA“ St. Petersburg, Russia

23.02.2017 – Beogradsko Dramsko Pozorishte
Beograd, Serbia

27.02.2017 – International Festival "CHELOVEK TEATRA" Chelyabinsk, Russia

02.03.2017 – Dom Kulture Studentski Grad Beograd, Serbia

 

10.09.2017 - Central European Theatre Festival, Kosice, Slovakia

12.09.2017 - International Theatre Festival “Belaya Vezha”, Brest, Belarus

15.09.2017 - Theatre "Kosztolányi Dezső", Subotica, Serbia

30.09.2017 - International Theatre Festival MOT, Skopje, Macedonia

15.12.2017 - National Theatre of the Republic of Srpska, Banja Luka, Bosnia

17.12.2017 - International Theatre Festival "Dani Jurislava Korenica", Sarajevo, Bosnia

31.03.2018 - NUCK "Beli mugri", Kocani Macedonia

08.05.2018 - Teatar "Jordan Hadzi Konstantinov - Dzinot", Veles, Macedonia

06.10.2018 - 6th International Theatre Festival "Moscow Nights", Moscow (Region: Mytishchi), Russia

Награда за најдобра претстава од жири: http://www.thefest.ru/festivali/festival-podmoskovnye-vechera/festival-podmoskovnye-vechera-2018/

26.02.2019 - "Nepal International Theatre FEST 2019", Kathmandu, Nepal

01.03.2019 - "Parallel Festival", Pokhara, Nepal

PERIPETIJA © 2017