СЕКС, ЛАГИ И

ДИВИ ГУСКИ

Фокусот на претставата е дека изговореното
(неверство, навреда, откриената лага итн.) не можат да се избришат и заборават.

Режија:
Нина Николиќ

Автор:
Вуди Ален

Драматург:
Драгана Лукан Николоски

Актери:
Сабина Ајрула Тозија
Петре Арсовски
Дарја Ризова
Симона Спировска
Благој Веселинов
Мартин Јорданоски
Тина Трпкоска

Костимографија:
Ивана Каранфиловска

Дизајнер на светло и фотограф:
Петар Кочишки

Постер дизајнер:
Русе Арсов
    
Музика:
Александар Пејовски


Премиера 24 Април, 2012
Младински културен центар (Сала Фросина)
Времетраење: 80 мин

Претставата „Секс, лаги и диви гуски“ во режија на Нина Николиќ е работена по текстот „Олд Сејбрук“ на легендарниот режисер, актер, стендап комичар, кларинетист, писател, невротик... Играат: Перо Арсовски (или командирот од „Тетовирање“, Бургер во „Среќна нова ‘49“, Тасе во „Бушава азбука“, експертот за кебапчиња во „Досие Скопје“ ... ), Сабина Ајрула (или Вера од „Сенки“, Николина во „Жед“, ..) и младата екипа професионални актери – Благој Веселинов, Мартин Јорданоски, Дарја Ризова, Симона Спировска, Тина Трпкоска.
Фокусот на претставата е дека изговореното (неверство, навреда, откриената лага итн.) не можат да се избришат и заборават. Најголем дел од нештата кои што имале какво и да било влијание врз нашата емотивна интелегенција (без разлика дали предизвикале среќа или тага) не можат да се поништата на ниту еден начин и влијаат на односот со и кон човекот кој ни ги направил.

 

1/30
PERIPETIJA © 2017