ТРЕПЕРЕЊЕ

Текстот  третира широка тема, која задира во рускиот и светскиот театар, праќа универзална порака, која е разбирлива без оглед на бариерите.

Режија:
Нина Николиќ

Автор и драматург:
Драгана Лукан Николоски

Актери:
Зорица Панчиќ
Слободанка Чичевска
Весна Димитровска
Јордан Витанов

Костимографија и сценографија:
Мери Георгиевска

Дизајнер на светло:
Петар Кочишки

Постер дизајнер:
Наташа Антонијевиќ
    
Музика:
Борис Минов

 

Премиера 07 Октомври, 2011
Театар Јордан Хаџи Константинов - Џинот
Времетраење: 70 мин

Драмата според која е работена претставата Треперење е инспирирана од љубовната приказна и преписките помеѓу Антон Павловиќ Чехов и познатата актерка Олга Леонардовна Книпер. Станува збор за женска, високо естетизирана претстава, минималистичка по изразот и по изборот на режиските, сценските и актерските средства. Текстот третира широка тема, која задира во рускиот и светскиот театар, праќа универзална порака, која е разбирлива без оглед на бариерите. Претставата е специфична и се базира на два вида нарација, едниот е оној кој вообичаено се гледа на театарската сцена, додека вториот е раскажување преку кореографија, во кое има малку зборување, но многу движења и говор на телото, преку кои се раскажуваат најдраматичните настани. Накратко, преку анализа на животот на Чехов, Треперење ја раскажува една од најубавите женски документарни приказни од светот на театарот преку што публиката гледа голем број за неа непознати настани од животот на Чехов и од времето кога тој творел.

 

1/5
PERIPETIJA © 2017